ИДФ претходно предупреди дека ќе ги таргетира целите на групата Ал Кард ал-Хасан, која Хезболах ја користи како квазибанка.
Претходно, портпаролот на ИДФ, полковник Авичај Адреи изјави дека ќе се дејствува против терористичката инфраструктура што му припаѓа на Ал Кард ал-Хасан, што е централен елемент во финансирањето на активностите на терористичката организација Хезболах и ѝ штети на либанската економија во служба на иранските интереси.
Жителите на јужните предградија на Бејрут беа повикани да се евакуираат според претходно објавените рути за евакуација.

