Десетици мигранти се исчезнати, откако потона брод во близина на Тунис

24.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Десетици мигранти се исчезнати, откако потона брод во близина на Тунис

Бродот, кој вчера пловел од регионот Сфакс кон италијанскиот брег, превезувал 38 патници, од кои четворица биле спасени, прецизира портпаролот Фаузи Масмуди. Според него, сите мигранти се од субсахарските африкански земји.

На крајот на февруари, тунискиот претседател Каис Саид ги нападна илегалните мигранти, велејќи дека „ордите илегални мигранти од субсахарска Африка се причина за насилство и криминал“ во Тунис. Тој обвини и дека „криминална група сака да го промени демографскиот состав на земјата“.

По неговите обвинувања, околу 21.000 мигранти од субсахарска Африка, официјално регистрирани во Тунис, останаа без работа и домување и се обидуваат да се вратат во Европа.

Некои делови од тунискиот брег се на само 150 километри од италијанскиот остров Лампедуза.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата