Луѓето кои биле присутни на местото на настанот го извлекле од песокот, јавува Паризиен.
Благодарение на првата помош што ја добил на плажата, неговото срце повторно почнало да чука, според локалните медиуми.
Момчето било однесено со хеликоптер во болница во Бајон, во тешка состојба.
Тој ископал дупка или тунел во песокот пред да биде затрупан околу 19:30 часот.Плажата била сè уште полна во тој момент, а сведоците на инцидентот брзо реагирале и успеале да го извлечат.
Ова е втор случај во последната недела малолетник да биде затрупан од песок на плажата.
Седумнаесетгодишно момче починало пред една недела на плажата во италијанското одморалиште Монталто ди Кастро откако било затрупано од песок откако ископал дупка, соопшти локалната полиција.
Според Анса, тинејџерот ископал дупка длабока околу еден и пол метар со своите помлади браќа.
Откако браќата си заминале, момчето останало само во дупката кога песокот се срушил, целосно затрупувајќи го.
Таткото, кој бил во близина во времето на несреќата, забележал дека неговиот син е исчезнат и почнал да го бара.
Другите пливачи брзо реагирале и почнале да го копаат песокот, но без успех.
Пожарникарите, полицијата, карабињерите и хеликоптерот за спасување набрзо пристигнале на местото на настанот, но лекарите можеле само да ја потврдат смртта на младиот човек.