Дебата во ООН за Украина: Европа и Америка за прв пат со различни гледишта

24.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дебата во ООН за Украина: Европа и Америка за прв пат со различни гледишта

„Нашиот предлог бара итен прекин на конфликтот и траен мир меѓу Украина и Русија. Ова е потребно сега и ги повикуваме сите земји-членки вклучително и Украина и Русија да ни се придружат во овој напор.Едноставна, историска изјава од генералното собрание која гледа напред, а не назад. Резолуција која е фокусирана на една едноставна идеја – ставање крај на војната. Пат кон мирот е можен.Господине претседателе, затоа САД се противи на друга резолуција и затоа не можеме да ја поддржиме резолуцијата на Украина, и бараме таа да биде повлечена во замена за силна изјава, која не обврзува да ставиме крај на војната и да работиме на траен мир. “-Дороти Шеа Амбасадор на САД во ОН

„Многу од нас, прашуваат кој би бил правилниот начин да се гласа, да се избере меѓу двата текста, на ЕУ и Украина и американскиот текст. Секој кој ќе го притисне копчето при процесот на гласање има избор, или ќе играте со Зеленски и неговите спонзори и ќе ги поддржите нивните барања кои се раздвоени од реалноста или ќе направите избор со практични и реалистички чекори кои можат да стават крај ан непријателствата во Украина во блиска иднина, немојте да се залажувате и доенсете вистински избор. Втората предлог – резолуција беше поднесена од нашите американски колеги и овој текст е чекор во права насока.“ - Василиј Небензја Амбасадор на Русија во ОН

„  Ги повикуваме сите нации да останат цврсти и да застанат на страната, на страната на повелбата, на страната на човештвото и на страната на праведен и траен мир, мир преку сила, бидејќи агресорот никогаш нема да застане додека гледа слабост.“- Маријана Беца – заменик министерка за надворешни работи на Украина

„Ги повикуваме сите земји членки да гласаат за овие три амандмани кои потсетуваат дека во овој конфликт постои држава агресор и држава која е подложена на таа агресија.“- Никола Де Ривиер амбасадор на Франција во ОН

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата