Четворица загинати во пожарите во Португалија, меѓу нив и пожарникар- изгореле над 248.000 хектари (ВИДЕО)

24.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четворица загинати во пожарите во Португалија, меѓу нив и пожарникар- изгореле над 248.000 хектари (ВИДЕО)

Пожарникарот, кој бил примен во болница со изгореници кои покриваат повеќе од 75 проценти од неговото тело, починал од повредите, а португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза упати сочувство до неговото семејство, објави Радио-телевизија Португалија (RTP).

Повеќе од 2.600 пожарникари работат на гаснење на пожарите што зафатија неколку делови од земјата, пренесе Сан.

Според најновите бројки, во Португалија се активни четири големи пожари, а се прават напори за нивно гаснење од земја и од воздух, со 838 противпожарни возила и 31 авион, според Португалската Национална агенција за вонредни состојби и цивилна заштита (ANEPC).

Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) издаде предупредувања за висок и многу висок ризик од пожар во голем број општини во внатрешноста на земјата.

Португалија се соочува со серија големи шумски пожари од јули, главно во северните и централните делови на земјата, објавува RTP.

Пожарите предизвикаа и штета на станбени згради, земјоделски имоти и шумски површини, според локалните медиуми. Механизмот за цивилна заштита на Европската унија е активиран на барање на португалските власти.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата