Четири дена бил заглавен во лифт без храна и вода, не работело копчето за итни случаи

10.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Четири дена бил заглавен во лифт без храна и вода, не работело копчето за итни случаи

Постар маж од германскиот град Оснабрик доживеал кошмар кога бил заглавен во лифтот на сопствената семејна куќа - цели 96 часа, без храна, вода или можност да повика помош.

Ги искинал панелните плочи

Полицијата потврди дека инцидентот се случил во јули, но деталите неодамна станаа јавни. Идентитетот и возраста на човекот не се објавени, а се знае само дека е во средината на седумдесеттите години.

Исто така, не е познато зошто неговата семејна куќа има лифт, со оглед на тоа што човекот, според полицијата, не е лице кое бара посебна грижа, објавува Билд.

Фотографија од лифтот го покажува нивото на очај во кое се наоѓал човекот - панелните плочи во кабината биле искинати, а металните компоненти биле свиткани, очигледно во обид да се излезе или барем да привлече нечие внимание.

Завршил во болница

Според полицијата, човекот немал мобилен телефон со себе, а поради неисправен осигурувач, ниту копчето за итни случаи не работело. На крајот, животот му го спасил неговиот син, кој ја повикал полицијата откако неколку дена не бил во контакт со својот татко.

Веднаш биле испратени двајца обезбедувачи да интервенираат, а по пристигнувањето слушнале слаб глас од внатрешноста на лифтот. Несреќниот човек бил дехидриран и целосно исцрпен, па веднаш бил однесен во болница.

Според медицинските проценки, човечкото тело може да преживее без вода од три до пет дена, во зависност од околностите.

„Никогаш не ве сакав“

Кон крајот на август, кога се опоравил и се вратил дома, човекот ги поканил своите спасувачи на кафе за лично да им се заблагодари.

Во таа прилика, им рекол: „Како љубител на брзи автомобили, никогаш не сум ја сакал полицијата, но во тој момент бев среќен што го слушнав гласот на еден од вас“.

Полицијата одговорила на неговата изјава со доза на хумор и на својот официјален Инстаграм профил напиша: „Без разлика дали сте пријатели на полицијата или не - ние сме тука за сите вас“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата