Пред неколку дена беше објавена веста дека компанијата OpenAI склучила договор со медиумските компании The Atlantic и Vox Media, со цел ChatGPT да научи од нивната содржина. Некои новинари не се задоволни од ова, особено оние чии написи се на списокот.
Две новинарски здруженија, кои ги здружуваат вработените во медиумите кои работат под капата на споменатите компании, со соопштенија ја изразија својата загриженост.
Овој случај не е ништо ново, бидејќи OpenAI веќе користи текстови од медиумите, но и од социјалните платформи како Reddit, и покрај протестите на вработените и корисниците.
Со новиот договор со The Atlantic, компанијата добива пристап до текстовите на весниците кои се архивирани, а се работи за содржини кои се објавуваат од 1857 година. Значајна архива.
Не е јасно зошто човештвото мисли дека автоматизирањето на креативните работни места ќе им помогне, но тоа е во работа веќе некое време.
Јапонска медиумска компанија во 2018 година објави дека користи само системи за вештачка интелигенција и инженери кои ги одржуваат, а дури и тогаш тврдеше дека може да идентификува лажни вести со 99% точност.
Стартапот за кој станува збор е JX Press, кој користи машинско учење за наоѓање приказни на социјалните мрежи. Од нив создава вести без потреба од обични новинари. Компанијата со седиште во Токио има 24 вработени, од кои две третини се инженери, а нејзината способност за откривање лажни вести беше зголемена за време на земјотресот во Кумамото во април 2016 година.
Набргу по првите потреси што се случија во Кумамото, на социјалните мрежи се појави фотографија од лав кој, како што се тврди, избегал од локалната зоолошка градина и почнал да талка низ градот.
Системот за брзо предупредување на JX Press брзо утврди дека фотографијата е направена во Јужна Африка, бидејќи системот работи на тој начин што ги проверува објавите на социјалните мрежи и анализира текст, фотографии, па дури и интерпункциски знаци за да регистрира ударни вести кои се важни за регионот во кој работи компанијата.
Системот ги следи и странските медиуми и влијателните сметки на Твитер, со цел први да добиваат вести кои се од клучно значење и на национално и на глобално ниво. Откако ќе се најде интересна приказна, алгоритмите се задолжени за пишување на текстовите.
И покрај тоа што има се повеќе луѓе кои тврдат дека „сакаат вештачка интелигенција која ги извршува домашните работи додека тие се занимаваат со креативни работи, а не обратно“, OpenAI не се откажува.
Има и медиуми кои не се откажуваат од традиционалното новинарство, па „Њујорк тајмс“ бара компаниите за вештачка интелигенција да се смират и да престанат да ја користат содржината на новинарите кои напорно работеле на нивните текстови. Останува да видиме кој ќе победи.