Бундестагот ќе гласа за зголемување на државното задолжување за воениот буџет и економијата

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бундестагот ќе гласа за зголемување на државното задолжување за воениот буџет и економијата

Германскиот Бундестаг се подготвува за денешната клучна седница на која ќе се гласа за плановите за зголемување на задолжувањето на државата, што потенцијалниот канцелар Фридрих Мерц смета дека е неопходно за зголемување на воениот буџет и за поттикнување на економскиот раст.

Пред гласањето закажано за денеска, Мерц се соочи со бројни критики од опозицијата и членовите на неговата партија, кои сметаат дека високите трошоци, кои достигнуваат до билион евра, не се поврзани со потребните реформи.

Тој, исто така, чека судска одлука за тврдењата на десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) дека законот е воведен „премногу брзо“ и дека нема доволно време за негова соодветна анализа, пишува „Гардијан“.

Мерц планира да одвои 500 милијарди евра за инфраструктурен фонд и да ги „олабави“ правилата за задолжување, кои во моментов се заштитени со германскиот Устав. За да се усвојат овие предлози, партиите кои го поддржуваат Мерц, неговите конзервативци, Социјалдемократите (СПД) и Зелените, го имаат потребното двотретинско мнозинство.

Мерц успеа да ја обезбеди поддршката од Зелените минатата недела, по преговорите пред формирањето на новиот Парламент на 25 март, кога таквиот закон може да биде блокиран од левичарската партија Левица и АфД. Во неделата парламентарната комисија за буџет ги одобри плановите, а на Мерц сега му е потребна поддршката од речиси сите пратеници кои покажаа подготвеност да го поддржат предложениот план.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата