Бројот на жртви во Иран драматично расте – Техеран бара да седне на преговарачка маса со САД

12.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на жртви во Иран драматично расте – Техеран бара да седне на преговарачка маса со САД

Според американската организација за човекови права, досега загинале над 530 луѓе. Американскиот претседател Трамп рече дека на маса се силни воени опции против Иран, без да наведе какви. Најави дека ќе разговара со Илон Маск да се обиде да обезбеди интернетот во земјата, која петти ден е отсечена, без интернет и телефонски линии. 

-Дали Иран ја преминува вашата црвена линија за да предзизвикаат одговор? –Изгледа дека тие почнуваат да го прават тоа. Се чини дека се убиени луѓе кои не требало да бидат убиени. Тие се насилни, ако можете да ги наречете лидери. Не знам дали нивните лидери само владеат преку насилство, но ние го разгледуваме тоа многу сериозно. Војската го разгледува тоа и ние разгледуваме некои многу силни опции. Ќе донесеме одлука. , изјави Доналд Трамп, претседарел на САД.

Иран порачува, подготвени сме за дијалог, но и за војна, ако биде неопходно.  Тврди дека состојбата ја има под целосна контрола, а државната телевизија објави и видеа од масовни протести за поддршка на актуелната влада. Шефот на дипломатијата обвини дека американски вооружени оперативци директно се вклучени во разгорувањето на насилните протести.

-Тие (оперативците) не пукаат само врз безбедносниот персонал, туку и врз цивилните демонстранти. Затоа, демонстрациите станаа насилни и крвави, само за да му се даде изговор на американскиот претседател да интервернира. , изјави Абас Арагчи, министер за надворешни работи на Иран.

Паралелно со протестите во Иран, во светот се шират и протестите за поддршка на иранските демонстранти. Илјадници луѓе во Берлин, Лондон, Париз и во неколку американски градови побараа смена на режимот во Техеран.

-Срцето ми се крши. Се чувствувам лошо зашто сум на безбедно и само барам помош. Ве молам, помогнете му на Иран. , жителка на Сан Франциско.

-Луѓето тука навистина се надеваат дека по 47 години ќе можеме да видиме слобода во Иран. , жителка на Сан Франциско.

По симнувањето на актуелното иранско знаме и негово заменување со старото од амбасадата во Лондон, од страна на демонстрант, синот на иранскиот шах соборен од Исламската револуција пред речиси 50 години, ги повика поддржувачите масовно да го прават истото секаде каде има ирански амбасади.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата