Британскиот министер за одбрана Џон Хили пристигна во официјална посета на Украина, јави „Укринформ“, повикувајќи се на објава на украинскиот премиер Денис Шмигал на „Телеграм“, кој објави и видео од неговото пристигнување на железничката станица во Киев.
„Со задоволство го пречекувам британскиот министер за одбрана Џон Хили во Украина,“ напиша Шмигал. Тој посочи дека двете страни ќе ги координираат ставовите за клучни прашања пред претстојниот состанок во Лондон на Контактната група за одбранбена помош на Украина, позната како групата „Рамштајн“.
На средбата ќе бидат разгледани и заеднички одбранбени проекти.
„Подготвуваме важни билатерални одлуки што ќе ги зајакнат одбранбените капацитети на двете земји,“ нагласи Шмигал.
Минатата недела тој се сретна со тогашниот началник на Генералштабот на британските вооружени сили адмирал сер Тони Радакин и со тогашниот командант на Кралското воздухопловство сер Ричард Најтон за да разговараат за итните потреби на украинската армија.