Брисел очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија

26.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Брисел очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија

Претставник на Еврокомисијата брифира дека извршното тело на ЕУ смета „дека ќе се најде начин“ да се постигне консензус за пакетот санкции. 

Дипломатски извори наведуваат дека Братислава и Будимпешта би можеле да се согласат на усвојување на санкциите, доколку Еврокомисијата се откаже од планот за постепено целосно ослободување од руските фосилни горива во ЕУ до 2027 година. 

Пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Словачка ќе побара одлагање на гласањето за нови санкции кон Русија на собирот.   

- Ако не го одложат, ќе ставиме вето... Нема да гласаме за тој пакет, изјави Фицо.   

Претходно неделава и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Унгарија и Словачка се противат на најавениот нов 18-ти пакет санкции кон Русија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата