Бин Браикас назначен за премиер на меѓународно признатата јеменска влада

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бин Браикас назначен за премиер на меѓународно признатата јеменска влада

Досегашниот министер за финансии во меѓународно признатата влада на Јемен, Салем Салех Бин Браикас, е назначен за нов премиер на таа држава, откако вчера Ахмед Авад бин Мубарак поднесе оставка од таа позиција.

Бин Мубарак изјави дека се соочил со „многу тешкотии“ за време на неговиот мандат, вклучително и невозможноста за реконструкција на владата.

Центарот на меѓународно признатата влада на Јемен е во градот Аден од државниот удар во 2014 година, кога милитантната група Хути го зазеде главниот град Сана.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата