Додадено е дека меѓу нив имало повеќе од сто британски државјани.
Изворите велат дека деталите за шпиони од МИ6, Специјалната воздушна служба (САС) и други специјални сили биле протечени откако тие ги поддржале Авганистанците кои аплицирале да бидат донесени во Велика Британија.
Британски функционер случајно го открил скандалот во февруари 2022 година со детали за речиси 19.000 луѓе кои аплицирале да се преселат во Велика Британија откако Талибанците дошле на власт во Авганистан.
Претходната влада дознала за ова во август 2023 година кога деталите биле објавени на Фејсбук, според Би-Би-Си.
Според шемата за преселување на оние погодени од протекувањето на податоци, започната во април 2024 година откако тогашната конзервативна влада дознала за протекувањето, досега во Велика Британија пристигнале 4.500 Авганистанци.
Смерот за преселување досега чинел 400 милиони фунти, а се очекува конечната цена да достигне околу 850 милиони фунти.
Се очекува вкупно 6.900 Авганистанци да пристигнат во Велика Британија во рамките на оваа шема.
Министерството за одбрана верува дека 600 авганистански војници погодени од протекувањето на податоци, како и 1.800 членови на нивните семејства, сè уште се во Авганистан.