Белгија бара флексибилност за исполнување на целта од 5 отсто БДП за одбрана

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Белгија бара флексибилност за исполнување на целта од 5 отсто БДП за одбрана

Според Франкен, земјата ќе ѝ бидат потребни најмалку седум години за да се прилагоди на новата цел. Тој побара и во пресметките да се вклучи и воената помош што Белгија ѝ ја дава на Украина. - Речиси ниту една земја не ја оспорува оваа цел“, додаде министерот.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно соопшти дека предлага нова цел за членките на Алијансата – пет отсто од БДП за одбрана, без да прецизира рокови. Од тоа, 3,5 проценти би се користеле за набавка на воена опрема, а преостанатите 1,5 проценти за воена инфраструктура и производство.

Предлогот ќе биде дискутиран на НАТО самитот во Хаг на крајот на јуни.

- Потребата за зголемување на одбранбените трошоци се темели на потребата да се надминат слабостите во воените капацитети на Алијансата во услови на зголемена закана од Русија, истакна Руте.

Инаку, уште во 2014 година, НАТО постави цел земјите-членки да трошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана – цел која, според Руте, речиси сите сојузници ќе ја исполнат до крајот на годинава. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата