Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

20.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајру: Движењето за признавање на државата Палестина нема да биде суспендирано

-За првпат, три големи земји, Велика Британија, Франција и Канада, заедно одлучија дека ќе се спротивстават на тоа што се случува во Појасот Газа и дека заеднички ќе ја признаат државата Палестина. И тоа движење што започна нема да биде запрено“ рече Бајру во францускиот Парламент за време на седницата за пратенички прашања, пренесен од француските медиуми.

Француските, британските и канадските лидери Емануел Макрон, Кир Стармер и Марк Карни вчера предупредија дека „нема да стојат настрана“ пред „скандалозните постапки“ на израелската Влада во Појасот Газа, заканувајќи се со „конкретни мерки“ ако тој премиерот Бенјамин Нетанјаху не ја запре воената офанзива и не ја деблокира хуманитарната помош.

-Таа осуда и повторените предупредувања се апсолутно јасни и нè обврзуваат. Но, никогаш не смееме да заборавиме дека оваа ситуација со трагедијата што ја предизвика имаше поводник. А поводникот е палестинското движење Хамас, кое го нападна Израел на 7 октомври (2023 година, додаде Бајру, кој се залага за решение со две држави.

Според него, ситуацијата во Појасот Газа е хумано и хуманитарно неприфатлива.

Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денеска за радио „Франс Интер“ изјави дека Париз е решен да ја признае државата Палестина и додаде дека тоа е „во интерес на Палестинците, но и за безбедноста на Израел“.

Се очекува признавањето на Палестина да биде објавено на меѓународна конференција под претседателство на Франција и Саудиска Арабија.

Целта на таа конференција од 17 до 20 јуни е повторно да се започне мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт, односно решение за две држави. /МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата