Обвинението е поврзано со наводното прикривање на здравствената состојба на поранешниот претседател Џо Бајден.
Терел на социјалните мрежи објави дека Џил Бајден знаела за здравствените проблеми на поранешниот претседател, но сепак му дозволила да учествува на претседателските избори.
Според него, злоупотребата на стари лица е форма на семејно насилство и Џил треба да објасни зошто ја довела јавноста во заблуда за здравствената состојба на Џо Бајден.
Доналд Трамп Помладиот, исто така, го обвини семејството Бајден за можно прикривање на здравствената состојба на поранешниот претседател. /МИА