Бајден си игра со бебиња на забавата по повод Ноќта на вештерките (ВИДЕО)

31.10.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бајден си игра со бебиња на забавата по повод Ноќта на вештерките (ВИДЕО)

Така тој ги поздрави децата од својот персонал на забавата по повод Ноќта на вештерките во Белата куќа, а тој и неговата сопруга, првата дама Џил Бајден, која се маскираше во џиновска панда, беа многу среќни што се преправаа дека се плашат поради „страшните“ детски костими, како што е големото пиле, страшните животни или вонземјани, пренесе Јутарњи.

А кога една вработена му пријде носејќи го нејзиното бебе облечено во костим од мисирка, 81-годишниот Бајден не можеше да одолее на преслатката глетка и разиграно се преправаше дека ја грицка ногата на бебето мисирка. Истата шега ја повтори со дете во костим од сладолед и бебе во син фустан.

Но, очигледно не на сите им се допадна неговата шега, па некои луѓе го прозваа на социјалните мрежи. Додека едни тврдат дека тој е само „шеговит дедо на седум внуци кој е навикнат да си игра со нив“, други сметаат дека неговото однесување било непримерно.

Темата на настанот беше „Hallo-read“, посветена на 40-годишното подучување на првата дама. Џил Бајден на толпата им подели копии од детската книга „10 страшни тикви“, додека претседателот Бајден им подели бонбони со печат на Белата куќа и неговиот потпис.

Меѓу насобраните беа и децата на државниот секретар Антони Блинкен, како и директорот на ОМБ и секретарот на Белата куќа.

Претседателот Бајден радосно разговараше со децата додека делеше слатки, а понекогаш толку се занесе во приказната што имаше ред од деца кои ги чекаа своите слатки.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата