Поранешниот американски претседател Џо Бајден остро го осуди смртоносниот напад врз конгресменка од Демократската партија и нејзиниот сопруг во Минесота, пренесе ДПА.
„Вакво одвратно политички мотивирано нападение никогаш не смее да се случи во Америка“, изјави Бајден во објава на платформата Икс. „Не смееме да ѝ даваме сигурно засолниште на омразата и екстремизмот, и сите ние како нација мора да се обединиме против политичкото насилство“, додаде тој. Бајден изрази поддршка за „сите погодени од оваа бесмислена трагедија“.
Во еден од нападите, Мелиса Хортман, членка на Претставничкиот дом на Минесота, и нејзиниот сопруг Марк Хортман беа убиени во раните утрински часови во нивниот дом во Бруклин Парк. Во друг напад во Чамплин, сенаторот од Демократската партија Џон Хофман и неговата сопруга беа тешко повредени од куршумите на напаѓачот.