Арагчи ја даде изјавата на маргините од состанокот на Организацијата за исламска соработка во Истанбул. Арагчи рече дека САД и Израел преминале голема црвена линија, осврнувајќи се на синоќешните американски напади врз критичните ирански нуклеарни објекти.
„Нема црвена линија што не ја преминале. А последната и најопасната беше премината синоќа. Тие преминаа една голема црвена линија со напаѓање на нуклеарни објекти“, рече Арагчи.
Посочи дека Иран ќе се брани со сите можни и неопходни средства по американските напади. Тој ги обвини САД и Израел дека одлучиле да уништат каква било можност за дипломатија.