Арагчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната

2.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арагчи: Иран ќе одлучи кога и како ќе заврши војната

„Имавме две децении да ги проучуваме поразите на американската војска на нашиот непосреден исток и запад. Според тоа, извлековме лекции“, рече Арагчи во објава на платформата Икс, осврнувајќи се на американските воени инвазии на Ирак и Авганистан на почетокот на 2000-тите, пренесува агенцијата Тасним.

Арагчи истакна дека бомбардирањето на Техеран „нема никаков ефект“ врз способноста на Иран да води војна.

„Децентрализираната мозаична одбрана ни овозможува да одлучиме кога и како ќе заврши војната“, нагласи иранскиот министер за надворешни работи.

САД и Израел на 29 февруари го нападнаа Иран во одделни, но координирани акции, „Епски бес“ и „лавот што рика“, откако во дипломатските разговори во Женева не се успеа да се постигне договор за иранската нуклеарна програма, а во кои САД побараа Иран да престане со збогатување на ураниум, што потенцијално би можело да доведе до тоа оваа земја да се стекне со нуклеарна бомба.

Како одговор на нападот, Иран ја започна Операцијата „Вистинско ветување 4“, во која беа лансирани најмалку десет бранови ракети и беспилотни летала против Израел и цели во земјите од Блискиот Исток, за кои Иран рече дека се поврзани со присуството на САД на нивна територија.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата