Израелската армија објави дека е можна инвазија на Либан: Сите опции се на маса

2.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Израелската армија објави дека е можна инвазија на Либан: Сите опции се на маса

Тој додаде дека Хезболах направил голема грешка со одлуката да го нападне Израел, објавува британскиот весник „Гардијан“.

„ИДФ (Израелските одбранбени сили) ќе реагираат многу брзо и тие (Хезболах) ќе платат висока цена. Хезболах отвори оган врз нас синоќа. Тие точно знаеја што прават“, рече портпаролот.

Израел рано утринава започна воздушни напади врз милитантите на Хезболах во Либан, откако групата поддржана од Иран испука ракети во Израел, проширувајќи ја кампањата на Израел против Иран.

Според израелските одбранбени сили, погодени се објекти за складирање оружје и дополнителна инфраструктура во неколку делови од Либан, објавува Би-Би-Си.

Либанското Министерство за здравство објави дека најмалку 31 лице е убиено, а 149 лица се ранети во израелските напади во Либан.

Околу две третини од загинатите биле на југот на Либан.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата