Арагчи, во објава на Телеграм, соопшти дека по завршувањето на индиректните преговори, двете делегации имале и куса директна средба.
Министерот за надворешни работи на Оман, Бадр бин Хамад бин Хамуд ал Бусаиди, кој беше посредник во разговорите, исто така изјави дека тие се одржале во „пријателска атмосфера која придонела за приближување на ставовите“.
Според Арагчи, разговорите ќе продолжат следната недела.