Американците масовно шверцуваат јајца од Мексико- таму биле за 70% поевтини

18.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американците масовно шверцуваат јајца од Мексико- таму биле за 70% поевтини

Американското Министерство за земјоделство забранува ваков увоз на јајца кои не се проверени по официјални канали бидејќи тие можат да шират болести, пишува Wall Street Journal.

Таканаречениот „пресретнат“ увоз на јајца се зголемил за 36 отсто низ САД во однос на претходната година, покажуваат податоците на американската Царина и гранична заштита.

Во делови од Тексас поблиску до мексиканската граница, тој број се зголемил за 54 проценти. Во Сан Диего повеќе од двојно е зголемен бројот на шверцувани јајца.

- Разликата во цената е голема, јајцата се поевтини за околу 70 отсто во Мексико - велат од царинската служба.

Просечната цена на 12 јајца од класа А во САД минатиот месец била 5,90 долари, а една година претходно чинеле околу три долари.

Клиентите во некои продавници плаќаат и до десет долари или повеќе за јајца. Причина за наглиот скок на цената на јајцата се последиците од птичјиот грип и уништувањето на голем број живина.

Цените на јајцата во Мексико генерално се под 2 долари за 12 јајца, иако во некои погранични градови сега достигнаа цена од околу 2,30 долари, според податоците на мексиканската влада, пренесува Независне.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата