Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток

16.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток

 Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“, кој пловеше во Јужно Кинеско Море, денеска сврте кон запад и се упати кон Блиски Исток, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“ (Marine Traffic), која ги следи бродовите ширум светот во реално време.

Бродот плови по теснецот Малака, помеѓу индонезискиот остров Суматра и Малезија.

Засега нема коментар од американската морнарица.

Носачот на авиони Нимиц е на нуклеарен погон и е еден од најголемите воени бродови во светот./МИА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата