Американскиот потпретседател е и последниот светски функционер кој се сретна со папата Франциск, кој почина денеска во Ватикан.
Венс, кој е католик, претходно се судри со папата Франциск околу имиграциската политика на Трамп. Тој го посети папата во неговата резиденција во Ватикан за да му го честита Велигден.
„Папата Франциск одржа кратка приватна средба, која траеше само неколку минути, за да размениме велигденски честитки“, се вели во соопштението на Ватикан.
Венс, кој со своето семејство е во посета на Италија за време на велигденските празници, претходно имаше официјални разговори со високи претставници на Ватикан во саботата. Папата не присуствувал на тие состаноци.
Венс, кој премина во католицизам во 2019 година, се повика на средновековните теолошки принципи за да ги брани политиките на Трамп. Во реткото отворено писмо до американските бискупи во февруари, папата ја негираше теолошката основа што ја наведе Венс, нарекувајќи го планот на Трамп „сериозна криза“ за Соединетите држави.
За потсетување, папата Франциск почина утрово во 7 часот и 35 минути, на вториот ден од Велигден, на 88-годишна возраст.