Американски судија привремено ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти во Харвард

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски судија привремено ја блокираше забраната на Трамп за странски студенти во Харвард

Забраната, која беше воведена во средата, беше нов обид на администрацијата на Трамп да ги отстрани странските студенти, кои сочинуваат четвртина од студентското тело на овој елитен универзитет.

Харвард поднесе барање до федералниот суд да ја суспендира забраната, нарекувајќи ја „нелегален чин на одмазда“ поради одбивањето на универзитетот да ги прифати барањата на Белата куќа. Според тужбата, претседателот Трамп се обидува да го заобиколи претходното судско решение кое ја блокираше неговата политика против Харвард.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата