Ајкула нападна пливач во Средоземното Море, се појави вознемирувачка снимка (ВИДЕО)

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајкула нападна пливач во Средоземното Море, се појави вознемирувачка снимка (ВИДЕО)

На снимката која се шири на интернет, се гледа како нуркач се бори во водата, недалеку од градот Хадера, додека голем број луѓе гледаат во шок, објави Мирор.

Властите вршат пребарување, а полицијата ја затвори плажата до понатамошно известување, се вели во соопштението на итната помош.

На снимката се гледа  како ајкулата плива во плитката вода, при што некои луѓе се ужаснати и брзаат кон брегот, додека други изгледаа воодушевени што го видоа животното толку блиску.

Ве предупредуваме, видеото е вознемирувачко!

Набргу потоа ајкула го нападнала пливачот.

На вознемирувачката снимка се гледа како пливачот почнува да фрла и се врти, а потоа водата наеднаш поцрвенува.

Луѓето ужаснати гледаат од плажата што се случува, но не можат да направат ништо.

Извештаите во Израел, исто така, велат дека ајкула нападнала и спасувачки нуркач кој го барал човекот, додека Одделот за крајбрежна стража на општина Хадера соопшти дека вршеле претрага со џет-ски за да го пронајде пливачот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата