Ајкула нападна и до смрт изгриза тинејџерка во близина на позната плажа во Австралија

3.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајкула нападна и до смрт изгриза тинејџерка во близина на позната плажа во Австралија

Медицинските екипи итно го префрлиле девојчето во болница во Квинсленд, откако се здобила со сериозни повреди на горниот дел од телото, но таа им подлегнала на повредите, изјави претставник на локалната полиција, пренесува CBS News.

Ајкулата ја нападнала девојката додека таа пливала во близина на популарното место за сурфање, на околу 30 милји северно од градот Бризбејн. Ова е трет фатален напад на ајкула во Австралија за помалку од пет недели.

Јужна Австралија забележа зголемување на нападите на ајкули во изминатите две години, при што во 2023 година се забележани пет такви случаи, од кои три биле фатални.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата