Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

6.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ајатолахот Хамнеи првпат се појави во јавност од примирјето со Израел

Според снимките објавени на иранската државна телевизија Хамнеи ги поздравуваше верниците во џамијата имам Хомеини, кои ја одбележуваа годишнината од мачеништво на имамот Хусеин, важен датум за шиитските муслимани.

Верниците скандираа „Крвта од нашите вени за нашиот водач!“

Откако Израел на 13 јуни го нападна Иран, ајатолахот Хамнеи поради безбедносни причини не се појавуваше во јавност, а неговите пораки објавувани на државната телевизија беа однапред снимени. Тој, преку снимена порака им се обрати на Иранците на 26 јуни, истакнувајќи оти Техеран нема да се предаде и покрај повиците на американскиот претседател.

Во израелските напади загинаа клучни команданти на вооружените сили, меѓу кои и членови на Револуционерната гарда, како и десетина научници од нуклеарната програма на Иран. Официјален Техеран тврди дека во 12-дневната загинале најмалку 936 луѓе.

Додека израелските власти соопштија дека при иранските напади загинале 28 лица.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата