- Од јануари 2014 година до јуни оваа година, Саудиска Арабија егзекутирала 1.816 лица. Речиси секој трет егзекутиран бил осуден за кривични дела поврзани со дрога, наведува АИ.
Во извештајот се посочува и дека до јуни годинава во Саудиска Арабија егзекутирани се 46 луѓе, од кои 37 поради кривични дела поврзани со дрога. Додека минатата година извршени се 345 смртни казни, што е најголем број во изминатите три децении.
Сведоци сме на навистина застрашувачки тренд, при што странски државјани се егзекутираат со алармантна стапка за кривични дела за кои не треба смртна казна. Овој извештај ја открива темната и смртоносна реалност зад прогресивната слика што властите се обидуваат да ја проектираат пред светот, изјави заменик-регионалната директорка на АИ за Блискиот Исток и Северна Африка, Кристин Бекерл.
Изминатата деценија во Саудиска Арабија егзекутирани се и голем број странски државјани, меѓу кои 155 Пакистанци, 66 Сиријци, 50 Јорданци осудени за кривични дела поврзани со дрога.