Агент на ФБИ убил киднапиран маж, семејството на суд доби милионска отштета

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Агент на ФБИ убил киднапиран маж, семејството на суд доби милионска отштета

Семејството на 47-годишниот Улисес Ваљадарес поднело тужба до федералниот суд во Хјустон, тврдејќи дека тој бил беспомошен за време на пукањето бидејќи му биле врзани рацете и имал врзани очи, пренесува АП.

Агентот на ФБИ им рекол на истражителите дека пукал затоа што мислел дека киднаперот му ја грабнал пушката и не знаел дека пука во Ваљадарес.

Судијата, сепак, утврдил дека агентот бил „многу невнимателен“ за време на обидот за спасување и ја предизвикал смртта на Ваљадарес.

Тужбата е поднесена против федералната влада бидејќи агентот е заштитен со имунитет, наведува АП.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата