На видеото се гледаат маскирани напаѓачи како се обидуваат да киднапираат жена, влечејќи ја низ улицата, додека маж, наводно татко на нејзиното дете, се обидува да ја спаси.
Може да се чуе како жена вреска, драматичната сцена трае неколку десетици секунди, додека киднаперите конечно се откажуваат, се враќаат во комбето и бегаат.
На улицата има и други минувачи, кои на почетокот се двоумат да помогнат и покрај вресоците на жената, но на крајот неколку од нив решаваат да интервенираат.
Жената инаку наводно е ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути.
Според полициски извор, жената била со своето дете (2) кога се случил обидот за киднапирање. Засега не е познато како детето (2) успеало да избега од киднаперите кои се обидувале насилно да ја внесат мајката во комбето.
Quelle horreur.
— Antonin Ferreira Roche (@Antonin_FR_) May 13, 2025
La fille d’un entrepreneur français dans les cryptos vient de faire l’objet d’une tentative d’enlèvement en plein Paris.
Heureusement des riverains étaient présents pour la sauver.
Il est urgent d’éradiquer la racaille de ce pays.pic.twitter.com/jE13LRBpra
За среќа, тие не успеале благодарение на храбрата интервенција на таткото на детето, пишува „Ле Паризиен“.
Мажот ѝ помогнал на жената и добил неколку удари од киднаперите.
Шокантната сцена се одвивала пред очите на многу минувачи, кои се плашеле да интервенираат и покрај вресоците на жртвата.
Напаѓачите, од кои едниот очигледно го изгубил пиштолот, за кој не било јасно дали е вистински или лажен, на крајот брзо избегале, враќајќи се во комбето.
Возилото е пронајдено на улица во истата општина.
Според информациите од „Ле Паризиен“, жената е ќерка на извршниот директор на платформа за тргување со криптовалути.