Зидан со суперлативи за Кристијано Роналдо: Поради него освоив многу трофеи

4.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан со суперлативи за Кристијано Роналдо: Поради него освоив многу трофеи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, легендарниот Зинедин Зидан, на пост меч прес конференцијата синоќа по дуелот со Италија беше запрашан околу ситуацијата со Кристијано Роналдо. И секако неговиот статус во репрезентацијата на Португалија во моментов.

„Навистина мора да му се оддаде признание за неговата голема кариера. Имав среќа што беше со мене. Ми помогна да освојам многу трофеи. Капа долу за Кристијано“, порача актуелниот селектор на Франција.

Зидан и Роналдо беа заедно во тимот на Реал Мадрид, пред десетина години. Во тој период овој клуб доминираше во Шпанија, и во Европа освојувајќи три ЛШ пехари.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата