Де Ла Фуенте: Не сум задоволен, имаше период во кој се мачевме

4.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де Ла Фуенте: Не сум задоволен, имаше период во кој се мачевме

Репрезентацијата на Шпанија, во моментов неприкосновениот владетел на репрезенативниот фудбал во светот, синоќа во рамките од третото коло од Лигата на Нациите, А дивизија на свој терен славеше со 3:1 над Чешка.

Ламин Јамал, Родри и Мерино беа стрелци за „Фуријата“, но во еден период, чесите заиграа на потребното ниво и преку Слама намалија на 2:1, во вториот дел. Токму тој момент очигледно не му се допаднал на шпанскиот селектор Де Ла Фуенте, кој во својата изјава по мечот додаде доза на критика.

„Резултатот е токму таков. Првото полувреме беше многу силно. Сепак, во второто полувреме замените не помогнаа и не можевме да го одржиме истото темпо на игра. Барањата на овој густ распоред се огромни и ја изгубивме прецизноста. Не сме задоволни бидејќи имаше моменти кога сериозно се мачевме, а тоа не е типично за нас“, започна Де ла Фуенте па додаде.

„Исклучително е тешко да се одржи рамнотежата помеѓу бркањето резултати и зачувувањето на здравјето на играчите. Правиме сè што е можно. Натпреварите мора да се добиваат, но здравјето останува најважно. Се надевам дека нема повеќе повреди. Сигурно до вторник заморот ќе се почувствува уште посилно кај некои играчи, но ова важи и за нашите противници“, рече Де ла Фуенте.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата