Зидан: Би сакал некогаш да го водам Јуве!

12.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зидан: Би сакал некогаш да го водам Јуве!
ФОТО:facebook.com/equipedefrance

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, во најавата за дербито од петтото коло од Лигата на нации против Италија, зборуваше и за можноста за враќање во таа земја. Поточно, во Јувентус, за кој францускиот виртуоз играше од 1996 до 2001 година. Селекторот на „Триколорите“ откри дека нема да има ништо против да биде на клупата на „Старата дама“.
“Би сакал еден ден да го водам Јувентус. Би бил среќен. Но, никој не знае што ќе се случи во фудбалот“ – рече Зидан.

Франција и Италија вечерба ќе ја делат сцената на Апенините и тоа ќе биде дуел за првото место во Групата А од Дивизија 1 од Лигата на нации.
“Знаеме дека кога сакаат, Италија може да даде добри перформанси. Особено кога се брани“.
Тој откри дека Килијан Мбапе нема да игра.
„Почувствува одредена болка и генерално се обидуваме да избегнеме ризик за играчите. Но, се надевам дека ќе биде таму за недела со Турција“.
Италија и Франција играат вечерва во 20:45 часот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата