Готово е: Покетино на клупата на Манчестер Јунајтед!

12.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Готово е: Покетино на клупата на Манчестер Јунајтед!
ФОТО:.facebook.com/officialussoccer

Маурицио Покетино официјално ќе стане менаџер на Манчестер Јунајтед!
Бројни извори од Островот, како и Фабрицио Романо, потврдија дека договорот е конечен и наскоро ќе биде официјализиран, а потврдени се и деталите.
Јунајтед ќе плати 10.000.000 долари за клаузулата за отстапување, откако Покетино ги постигна сите лични услови со англискиот клуб. Покетино вечерва ги информираше сите во Фудбалскиот сојуз на САД дека постигнал лични услови и дека сè што останува е да се реши административниот дел.
Наводно, Покетино нема веднаш да патува на Островот, бидејќи ќе ја предводи селекцијата на САД против Хаити, по што ќе почне да работи на „Олд Трафорд“.
Ќе има многу работа пред себе во борбата за опстанок, бидејќи Мајкл Карик ќе замине откако тимот остана во зоната за испаѓање.
Се очекува раководството на клубот да му донесе зимски засилувања на Покетино за да може да го извлече максимумот од оваа сезона. Во превод, тој ќе го добие она што не го доби Мајкл Карик, кој официјално ќе биде отпуштен денеска.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата