За кој клуб се досудени најмногу пенали сезонава? Одговорот не е никакво изненадување!

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За кој клуб се досудени најмногу пенали сезонава? Одговорот не е никакво изненадување!

Како што се наближува крајот на сезоната во ТОП лигите во Европа, јасно е дека секоја грешка, секој кикс или секоја одлука на судиите може да биде решавачка. Тоа посебно се однесува за тоа за кого се судат најмногу пенали.

А кога ќе се постави тоа прашање, тогаш одговорот и не е изненадување.

Тоа е Реал Мадрид.

Имено ЗА “кралевите“ се судени дури 16 пенали, но лошо за четата на Карло Анчелоти е тоа што дури пет не се реализирани. Во модерната ера на Реал Мадрид ова никогаш не се случичило, да се промашат пет пенали. Во последните три сезона заедно беа промашени четири, а сега само за една дури пет, инаку оваа сезона уште трае паа оваа бројка може да биде поголема.

На второ место по досудени пенали ЗА е Баерн Минхен со 15 пенали, а реализирани 14. За Ливерпул се судени 13 а искористени се 12. Следува Барселона со 10 од 10. Значи каталонците имаат максимален скор кога изведувале удари од белата точка.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата