Влезе во игра со 15 години: Арсенал го има и вториот најмлад дебитант во Премиерлигата (ВИДЕО)

23.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Влезе во игра со 15 години: Арсенал го има и вториот најмлад дебитант во Премиерлигата (ВИДЕО)

Арсенал од вечерва го има и вториот најмлад дебитант во историјата на Премиерлигата. На мечот од 2. коло од новата сезона против екипата на Лидс Ј. при водство на „топчиите“ од 4:0, на теренот се појави 15-годишниот Макс Доуман.

Младиот фудбалер на лондончани денеска има точно 15 години и 235 дена и е вториот најмлад играч кој заиграл во најсилната лига на Островот. Рекордот засега го држи неговиот соиграч Итан Нваниери кој дебитираше со 15 години и 181 ден.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата