Вирц прогласен за најдобар во Бундеслигата

29.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вирц прогласен за најдобар во Бундеслигата

Во изборот на професионалните фудбалери на Германија, Флориан Вирц е избран за најдобар за изминатата сезона во Бундеслигата. Сосема очекувано, офанзивецот на Баер е на врвот, затоа што зад себе има феноменална сезона.

Истата пак му носи и трансфер во Ливерпул со кого преговорите се во завршна фаза. Вирц инаку чини 150 милиони евра, но тоа за шампионот на Премиер лигата воопшто не е проблем.

Офанзивниот играч од средниот ред доби 29,1% од гласовите, пред играчите на Баерн Минхен, Хари Кејн (20%) и Михаел Олисех (17%).

За Вирц, ова е втора последователна награда од ова гласање, што го прави само втор фудбалер, по Роберт Левандовски, со такво достигнување.

ФОТО BAER LEVERKUZEN X


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата