Вест Хем има нов дефанзивец

20.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вест Хем има нов дефанзивец
FOTO WEST HAM FACEBOOK

Досегашниот член на тимот на Саутемптон, Кајл Вокер Питерс од денеска и официјално е член на тимот на Вест Хем. Бекот доаѓа како слободен играч со оглед на фактот што неговиот договор со Саутемптон и официјално заврши. И покрај големиот број на понуди кои ги имаше од различни лиги сепак тој се одлучи да остане во Премиер лигата.

„Многу сум возбуден. Како долго време да го чекав ова. Во минатото ме поврзуваа со трансфер во клубот и сум воодушевен што се случи. Разговарав со Греам Потер и тоа беше многу важен дел од одлуката. Отсекогаш ми се допаѓал неговиот стил на менаџирање и мислам дека ми одговара. Тој зборува за семејната атмосфера во клубот и тоа е она што го барам“  изјави Кајл Воке Питерс.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата