Новитет во претстојната сезона во Премиер лигата. Одлуките кои што ќе бидат носени со помош на ВАР технологијата арбитрите ќе треба да ги објаснат со обраќање кон публиката. Оваа одлука ќе биде револуционерна кога станува збор за фудбалот во Европа, а според многумина е неопходна.
ВАР системот функционира на тој начин што главниот судија е подпомогнат од колегите во ВАР собата, а и тој самиот преку монитор секако може да процени и да донесе одлука.
Сепак, според новиот начин на функионирање, истата таа одлука ќе треба да и ја објасни на јавноста. Овој метод е користен во американските спортови со децении.