Ван Дајк за победа на Ливерпул, веќе се лади шампањското на “Енфилд“!

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ван Дајк за победа на Ливерпул, веќе се лади шампањското на “Енфилд“!

Ливерпул со 2:1 успеа да дојде до три нови бода против Вест Хем и со тоа да дојде на чекор до титулата во Премиерлигата. Сега четата на Арне Слот има +13 бода пред вториот Арсенал на шест кола до крајот. Значи “Редси“ можат и следното коло математички да ја освојат титулата.

Стрелци на головите за Ливерпул беа Диас и Ван Дајк, а Вест Хем израмни со автоголот на Робертсон, но сепак Ван Дајк во самиот финиш донесе победа.

Челзи дома одигра 2:2 против Ипсвич, а губеше со 0:2 во 31.минута.

Тотенхем со 4:2 доживеа пораз кај Вулверхемптон.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата