Вака се почитуваат легендите: Капитенот на Евертон доби нов договор

27.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вака се почитуваат легендите: Капитенот на Евертон доби нов договор
фото: The Bobble (X)

Капитенот на Евертон, Шејмус Колман, потпиша нов договор со клубот, објавија денеска, деветкратните шампиони на Англија.

Колман (36) потпиша договор со популарните „карамели““ до јуни 2026 година.

Ирецот е член на Евертон од 2009 година, а за клубот од Ливерпул одигра 428 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 28 гола.

Минатата сезона Колман беше дел од само пет натпревари во Премиер лигата, но менаџерот Дејвид Мојс инсистираше тој да остане во клубот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата