Уште едно признание за одличната сезона: Ханси Флик е тренер на сезоната во Шпанија!

17.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште едно признание за одличната сезона: Ханси Флик е тренер на сезоната во Шпанија!

Уште едно големо признание во рацете на Ханси Флик, на Германецот на клупата на сезоната. Имено по изборот за најдобар тренер во 2024/25 сезоната од страна на Ла Лига, сега Флик е избран и за најдобар тренер во Шпанија. Тој доби најмногу гласови од страна на Здружението на тренерите при ФС на Шпанија, со кое му се дава поголемо значење на ова признание зошто доаѓа од колегите на Германецот. Изборот се случи во Мадрид на конгресот на ова Здружение.

Да се потсетиме дека Барселона успеа да ги освои сите пехари на домашна сцена за сезоната 2024/25. Шампион во Ла Лига, победник во Суперкупот и освојувач на пехарот во Копа дел Реј.

Секако дека недостасуваше само трофејот во Лигата на Шампионите за да биде сезоната за Флик и неговите играчи едноставно совршена.

Сепак и без „ушлето“, сите во Барселона, а посебно фановите се воодушевени од работата на Германецот на клупата на Барселона.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата