Уште еден аргентинец во Интер Мајами… Родриго Де Пол е нов соиграч на Меси

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Уште еден аргентинец во Интер Мајами… Родриго Де Пол е нов соиграч на Меси

И официјално, досегашниот играч на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол е нов член на екипата на Интер Мајами.

Де Пол мина одлични четири години во Мадрид, но време е за промени очигледно, па тој се реши да му се приклучи на Лионел Меси и на неговата дружина во Мајами.

Де Пол ќе биде позајмен до крајот на оваа сезона, а потоа ќе потпише голе, петгодишен договор. За ова Атлетико ќе добие 15 милиони евра.

Де Пол пристигна на „Метрополитано“ во 2021 година од Удинезе и си заминува по 187 натпревари во сите натпреварувања, во кои постигна 14 гола и имаше 26 асистенции.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата