Тухел постави ТОП рекорд како селектор на Англија

10.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел постави ТОП рекорд како селектор на Англија

Томас Тухел е очигледно правиот човек за водење на репрезентацијата на Англија. Синоќа „Гордиот Албион“ среде Белград го размонтира националниот тим на Србија со 0:5, и со тоа дефинитивно покажа дека е кадарен да ја води оваа исклучително силна, но и комплексна репрезентација.

Тухел по пет водени мечеви на Англија постави сериозен рекорд. Ги доби првите пет официјални натпревари со „Трите лава“ без да прими ниту еден гол.

Англија последователно ги победи Албанија (2:0), Летонија (3:0), Андора двапати (1:0) и (2:0) и Србија (5:0) во квалификациите за Светското првенство 2026. 

Помеѓу двата натпревари со Андора, Англија загуби од Сенегал со 1:3, но во пријателски натпревар. 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата