Тудор: Ние сме на вистинскиот пат

7.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тудор: Ние сме на вистинскиот пат

Екипата на Јувентус со новиот тренер, Игор Тудор на клупата синоќа среде Рим во дербито против Рома одигра 1:1, во рамките од тековното Серија А коло.

Тимот од Торино имаше големи проблеми во последно време, го смени тренерот, се одлучи за Тудор, а тој пак како што и самиот вели, полека но сигурно ги „фаќа конците“ во тимот и прави истиот да игра добро, но и да бележи добри резултати.

„Треба да примаме помалку голови од корнер. Не помага тоа што ни недостасуваат играчи како Бремер, Гати и Кабал. Кога пристигнав, продолжив да го користам истиот одбранбен метод во овие ситуации што беше наметнат досега. Очигледно треба многу да се работи и да се подобри. Ми се допадна првото полувреме кога правевме интересни работи. Рома ја промени формацијата. Имајќи ја предвид моменталната форма на Рома и седумте последователни победи, ремито исто така не е толку лошо и ни дава самодоверба“, смета Тудор.

“Овде сум само десет дена и се чувствувам одлично. Мораме да се фокусираме на работата, но и да уживаме максимално во неа. Оваа работа може да биде доста напорна, бидејќи треба да размислите за многу детали и немате време да уживате. Можеби однадвор изгледа попријатно отколку што е”, рече хрватот.

Тој призна дека кога го добил повикот од Јувентус, го запалил автомобилот и тргнал директно во Торино.

“Ми требаа 10 часа да стигнам таму. Сакав да избегнам да летам. Се беше во ред. Возев во Торино и порано кога бев фудбалер”, призна Тудор.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата