Иако има само 18 години, Ламине Јамал е веројатно најголемата ѕвезда во светот на фудбалот во моменто, но и со најголема вредност. Напаѓачот на Барселона, вреди 343 милиони евра, што го прави најскапиот фудбалер, соопшти Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) во извештај објавен вчера.
Заводот за статистика со седиште во Швајцарија има своја методологија за пресметување на цените.
Јамал, 18-годишен европски шампион со Шпанија, ја предводи листата пред напаѓачот Ерлинг Халанд, кој вреди 255 милиони евра, и Килијан Мбапе, со цена од 201 милион. CIES ги објави овие податоци додека продолжува зимскиот преоден рок.
Листа на најскапи фудбалери според CIES:
1. Ламине Јамал (Барселона) – 343 милиони евра
2. Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – 255 милиони
3. Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 201 милион
4. Џуд Белингам (Реал Мадрид) – 153 милиони
5. Мајкл Олисе (Баерн) – 137 милиони
6. Флоријан Вирц (Ливерпул) – 136 милиони
7. Дезире Дуе (ПСЖ) – 135 милиони
8. Жоао Невеш (ПСЖ) – 131 милион
9. Арда Гулер (Реал Мадрид) – 130,3 милиони
10. Педри Гонзалез (Барселона) – 130 милиони

