Фудбалерите на Милан ремизираа на домашен терен со Џенова со резултат 1:1 во мечот од 19. коло на италијанската Серија А.
Избраниците на Даниеле де Роси вечерва приредија изненадување само со освоениот бод, но ќе жалат за цел плен, бидејќи го испуштија во последниот момент од натпреварот, трагичарот е Николае Станчу – промаши пенал.
Во 28. минута, Малиновски испрати топка во казнениот простор на Милан, а на вистинското место во вистинско време се најде Лоренцо Коломбо кој ја затресе мрежата на Мењан. Куриозитет е тоа што 23-годишниот Коломбо сè уште е под договор со Милан, клубот во кој потекнува, а оваа сезона настапува за Џенова како позајмен играч.
Милан имаше шанса да израмни пред паузата, но Леао шутираше покрај голот, па на одмор се замина без промена на резултатот.
Тимот на Масимилијано Алегри успеа да ја погоди мрежата на Џенова во 58. минута, кога Габија по корнер од десната страна ја префрли топката на другата статива, а во голот ја смести Кристијан Пулишиќ. Сепак, судијата реагираше по совет од ВАР-собата и оправдано го поништи голот, бидејќи беше постигнат со рака.
Џенова можеше да дојде и до втор гол кога Коломбо со глава шутираше покрај голот по центаршут од десната страна.
Дополнителното време донесе многу возбудувања. Милан во втората минута израмни со голот на Леао.
Милан вечерва ја пропушти шансата да се приближи до лидерот Интер и моментално зазема второ место на табелата во Серија А со 39 бодови, додека Џенова е 17. со 16 бодови.

