Триумф на Сити кај Нотингем (ВИДЕО)

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Триумф на Сити кај Нотингем (ВИДЕО)

На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Манчестер Сити успеа да слави на гостувањето кај Нотингем Форест со 1:2, и на тој начин да ја оправда улогата на фаворит на овој дуел.

Со оглед на позициите на табелата Сити нормално дека беше фаворит на овој меч но далеку од тоа дека лесно дојде до победата напротив. Истата „висеше“ до последните моменти.

Гостите во 48. минута погодија за водство преку Реиндерс, за да во 54. минута Хачинсон израмни на 1:1.

Имаше домаќинот ситуација и да поведе но не ја искористи, па Рајан Черки казни со гол во 83. минута поставувајќи ги конечните 1:2.

Сити по 18 коло има 40 бодови, додека Нотингем Форест е на 17 позиција со 18 бодови.

 

https://streamin.link/v/18e04746

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата